Услови за користење

Доколку ја пребарувате и користите оваа веб-страница, Вие се согласувате со нашите Услови за користење кои се составени од Услови за огласување и Политика за приватност.


УСЛОВИ ЗА ОГЛАСУВАЊЕ

Доколку сакате да ги користите нашите услуги Вие се согласувате дека ќе ги почитувате нашите Услови за огласување. Секое прекршување на било кој од нашите Услови ќе биде соодветно санкционирано од наша страна. Ваша обврска е да ги почитувате овие Услови, во спротивно може да бидете избришани од нашиот систем без претходна најава или известување.

Право на огласување
Право на огласување имаат сите физички лица кои имаат наполнето 18 години и сите правни лица, кои ќе се регистрираат на нашата веб-страница. При регистрирање во нашиот систем задолжително треба да го одберете соодветниот тип на профил во зависност од Вашиот статус.

Предмет на огласување
Предметот на огласување треба да спаѓа во една од категориите кои ги нуди веб страната. Огласи со друг вид на предмет ќе бидат веднаш избришани од нашиот систем.

Содржина на оглас
Содржината на огласот треба да е соодветна со карактеристиките на предметот кој го огласувате. Секое возило треба да е огласено во соодветната категорија.
Личен и краток опис во огласот е дозволен, но без користење на линкови кои водат кон други конкурентски веб-страници, кон спам или други неповрзани веб-страници. Исклучок се линкови со видео материјал (пр: YouTube) и линкови со детална спецификација за возилата.
Вие, како наш корисник сносите лична одговорност за содржината и податоците кои ќе ги објавите и при нивна злоупотреба може да одговарате пред надлежните органи во Р. Северна Македонија.

Право на фер огласување
РЕГИСТРАЦИЈА.МК дозволува само еден оглас во врска со еден ист предмет на огласување. Тој оглас може да биде обновен повеќе пати, но не и објавен повеќе пати како различни огласи.

Право на корекција и бришење на содржини/податоци
РЕГИСТРАЦИЈА.МК го задржува правото на корекција на содржини/податоци кои ги објавуваат корисниците и смее да избрише содржини/податоци без предупредување доколку смета дека постои одредено прекршување од страна на корисникот.

Квалитет на услугите
РЕГИСТРАЦИЈА.МК не може да гарантира за постојана достапност на страницата и квалитетот на услугите, дури и доколку корисникот плаќа за услугите.


ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Ние ги почитуваме регулативите за заштита на податоците. Кога ја користите нашата веб-страница, ние собираме и складираме некои од Вашите лични податоци. На кратко ќе објасниме зошто ги собираме и како ги користиме Вашите лични податоци. Доколку сеуште имате прашања или ви требаат појаснувања во врска со користењето на Вашите лични податоци, слободно контактирајте не преку формуларот за контакт.

Колачиња
Колачињата се датотеки зачувани во Вашиот прелистувач со цел да се персонализира Вашето веб искуство. Со прифаќањето на нашата политика за колачиња се согласувате со нашата употреба на колачиња. Ние користиме колачиња за да го подобриме Вашето искуство во прелистувањето и да добиваме извештаи за грешки кога ја користите нашата веб-страница.

Лични податоци
Личните информации што ги собираме од Вас може да го вклучат Вашето име/презиме, роденден, адреса, е-маил адреса, телефонски број и IP адреса. Ние ги собираме овие информации кога ќе се регистрирате во нашиот систем и овие информации ни требаат со цел да ве идентификуваме и регистрираме како наш корисник, за да ве контактираме во врска со употребата на нашите услуги или да одговориме на Вашите прашања. РЕГИСТРАЦИЈА.МК има право да побара дополнителни информации од Вас за да го верификува Вашиот идентитет. Вие се согласувате да го објавиме јавно Вашиот телефонски број за да може да ве контактираат трети лица во врска со Вашите огласи. Ние не ги споделуваме Вашите информации со трети лица, освен со надлежните органи во Р. Северна Македонија во случај на одредена злоупотреба од Ваша страна.

Вашата локација
Кога ја пребарувате нашата веб-страница може да ја искористиме Вашата IP адреса за да ја откриеме Вашата локација. Овие информации ни се потребни за да го персонализираме Вашето искуство, особено кога вршите пребарување на нашата страница или барате огласи преку опцијата Мапи. Вашата локација е потребна за да се прикаже соодветната локација на опцијата Мапи и огласите во близина на Вашата локација. Исто така ја користиме Вашата локација за да ви ги покажеме соодветните реклами или гео-насочени реклами од Google.

Системски известувања
Со користење на нашата веб-страница, Вие давате согласност да добивате системски известувања на Вашата е-маил адреса и да бидете известени за успешно додаден оглас, предупредување дека рокот на истекување ќе истече, што значи дека Вашиот оглас ќе биде отстранет доколку не го обновите и други видови на известувања во врска со Вашата активност на веб-страницата. Системските известувања се дизајнирани да служат како потсетници или корисни совети кои го подобруваат Вашето искуство на нашата веб-страница. Не можете да се откажете од примање на известувања и единствениот начин да престанете да ги примате е да го избришеме Вашиот кориснички профил.


Право на измена на Условите за користење
РЕГИСТРАЦИЈА.МК го задржува правото на измена на своите Услови за користење во било кое време. Сите измени ќе бидат објавени на нашата веб-страница.

Огласи за споредба

    Немате огласи за споредба.
    Најави се
    Корисничко име
    Лозинка
    Ја заборавивте лозинката? Remind